Маурицио Сари кој денеска го води Јувентус и има успешна кариера за тоа потврдуваат клубовите кои беа под негово водство, откри детали за својата прва средба со неговиот претходник Масимилијано Алегри.

Интересно е што првата средба датира од 16. ноември 2003 година кога и двајцата водеа клубови од Серија Ц2. Сари како тренер, Сан Џованезе, додека Алегри на Аљанезе.

„Тогаш никој не ни веруваше. Мечот заврши без победник, без голови. По мечот еден пријател ни рече: Чим сте вие двајца тренери, тогаш секој може да биде. Се надевам, и верувам дека во мене постои уште нешто од тој Сари. Духот е ист, го немам променето начинот на кој пристапувам на фудбалот“, изјави Сари.