Од македонските клубови, Вардар е прв на вечната листа во Лигата на шампионите која ја објави денеска УЕФА. Со осум учевства до сега, „црвено-црните“ се далеку пред сите останати тимови од нашата земја, и се најде на 146 место.

Работнички се најде на 186 место, Шкендија со три учества на 255 место, Слога Југомагнат (сега Шкупи) се најде на 300 позиција, па следува Силекс на 342 позиција. Победа, двократниот првак е 387-ма, а најдоле тимовите кои по еднаш биле прваци, односно Македонија ЃП на 474 место, и на крај Ренова на 483-та позиција.

На листата на која се најдоа играчи, Дарко Панчев со 11 голови го дели местото со Арда Туран, Гаизка Мендиета, Двајт Јорк, Бендтнер, Инсиње…

Инаку на клупската листа прв е Реал Мадрид со 50 учества, 13 титули и 437 одиграни натпревари. Втор е Баерн Минхен, а во ТОП 10 се уште и Барселона, Манчестер Јунајтед, Јувентус, Милан, Ливерпул, Бенфика, Порто и Ајакс.

Икер Касиљас е фудбалер со најмногу настапи во ЛШ, додека Кристијано Роналдо најдобар стрелец.