ФФМ уште еднаш се покажа во вистинско светло. Со гала свеченост вечерва во МНТ ги прогласи најдобрите во мак – фудбалот за сезоната 2018/2019. Од Елмас, Муслиу, Тренчовски па до Атанас Костовски и другите. Убаво беше вечерва да се биде во МНТ, да се биде дел од нашите фудбалски ѕвезди кои секако искористија прилика да му се заблагодарат на ФФМ и првиот човек Муамед Сејдини на успешната година.

Да се надеваме сите дека следниот декември ќе се додели награда и на нашата најдобра репрезентација за историско учество на едно големо натпреварување, на ЕВРО 2020. Да се надеваме дека на 26 и 31 март следната година фудбалска Македонија ќе се радува на историски успех.