Непријатен новогодишен подарок за три клубови. Словенечката Олимпија, српскиот шампион Црвена Звезда и казахстанскиот Ордабаси се казнети поради кршење на правилата на Финансискиот фер-плеј.

Ордабаси е исфрлен од Лига Европа наредната сезона, Олимпија е казнета со 75.000 евра, додека на Звезда и е одредена казна од 50.000 евра. Сите три клубови имале финансиски нерегуларности и „неиспеглани“ долгови од минатото.

На крајот на јануари УЕФА повторно ќе спроведе мониторинг, па трите клуба имаат рок да ги регулираат недостатоците, во спротивно дополнително ќе ги казни.