Седумкратниот шампион во Мото ГП, Валентино Роси призна дека може да ја заврши кариерата доколку не успее да се врати во врвот на шампионатот следната сезона.

„Следната сезона ќе биде пресудна. Мојот договор завршува на крајот на 2020 година, па наскоро ќе треба да одлучам дали ќе ја продолжам кариерата или не. Ако размислите логично, тогаш оваа одлука ќе биде одредена од резултатите. Тимот е реконструиран, па ајде да видиме дали можеме да станеме посилни отколку во 2019 година. Дали ќе бидеме побрзи и поконкурентни? Ако е така, ќе треба да го обновам договорот. Ако не, тогаш заминувам“, вели Роси.

Во штотуку завршената 2019-та, Валентино Роси го зазеде седмото место во Мото ГП со само две искачувања на подиумот.