Уште еден детал доаѓа по завршувањето на италијанскиот Супер-Куп, кој се одигра во Ријад, Саудиска Арабија. По видео-записот на кој може да се види неспортската реакција на Португалецот на свечената церемонија на доделување на медалите, во јавноста излезе нешто ново.

Публиката на трибините најверојатно сакаше да го испровоцира Роналдо, а по неговата реакција се чини успеа. Во еден момент го скандираше името на Меси. На португалскиот фудбалер дефинитивно не му се допадна овој потег.