СПОРТМЕДИА прва ја објави вест дека Александар Тодоров ќе биде наследникот на Јорданчо Давитков на селекторското место.

КФСМ одлучи денеска и официјално да го промовира како предводник на нашиот национален тим со кого ќе има за задача да ја врати Македонија на Европската карта. Тодоров го чекаат квалификации за пласман на ЕП 2021 година, дебито ќе го има против Естонија на домашен терен на 20-ти февруари.

Во својата кариера има искуство како помошник на сениорскиот тим во 1999 година, кога на „кормилото“ беше Заре Марковски.

За кратко време челниците на КФСМ и Тодоров ќе ги искажат своите очекувања, како и деталите околу новиот стручен штаб.

Претходно прва желба за ова место беа Октај Махмути и Емил Рајковиќ.