Во завршницата на годината, УЕФА ја објави збирната листа на клупскиот фудбал во европските купови, гледано по држави. Македонските преставнции во европските купови, 2019-тата ќе ја завршат на очајното 54. место во конкуренција на 55 земји од Стариот континент кои се активно вклучени со свои екипи во европските фудбалски купови.

На вкупната листа која го одредува клупскиот коефициент по земји членки на УЕФА, Македонија е претпоследна со 2000 поени, само или просечно по 500 поени за секој од четирите македонски клубови преставници во европските купови. Зад нас оваа година остана само Сан Марино кој нема ниту еден бод.

Минатата 2018-та македонскиот клупски фудбал заврши на 49. место, година претходно бевме дури на 27. позиција, што беше и најдобриот евро-клупски рејтинг на нашиот фудбал под капата на Европската фудбалска унија. Очајните резултати оваа сезона си го направија своето, а македонските клубови го допреа европското дно!