Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром пред почетокот на натпреварот со Спарс во АБА2 лигата и официјално се збогуваше од својот поранешен долгогодишен директор, Видоја Секуловски.

Секуловски на крајот на годината заминува во пензија, а клубот соодветно го испрати, со врамен дрес и топка со потписи на сите кошаркари во на неговата ангажираност, работа и придонес во клубот, кои му ги доделија првиот човек на МЗТ Скопје, Тони Грнчаров и капитенот Дамјан Стојановски.

Секуловски во својата кариера беше дел од и женската кошарка како тренер на Вигор.