Напаѓачот на Наполи – Хозе Каљехон е играч со најмногу одиграни натпревари во  Топ 5 европските национални фудбалски шампионати во последните 10 години. Тоа го покажа статистиката објавена од компанијата Опта Спорт.

Истражувањето опфаќа само фудбалери кои се појавиле на зелениот терен, а не и оние кои биле на списокот на пријавени за секој меч.

Според податоците, Каљехон учествувал на 351 натпревар за Наполи и Реал Мадрид од 2010 година, па се до сега. Тој има повеќе одиграни средби и од Еден Азар, кој е втор со 348 натпревари и од Лионел Меси, кој е дури трет со 343 средби на терен.