Нема дилема дека две работи на кои Кристијано Роналдо ќе посвети посебно внимание во 2020 година се освојувањето на Лигата на шампионите со Јувентус и одбраната на европската титула на ЕП со Португалија.

Но, притоа токму во дресот на националниот тим Роналдо може да урне два рекорда. Тој може да стане најдобриот стрелец во историјата на репрезентацијата на Португалија, но може да добие епитет и најдобар стрелец на сите времиња на големите натпреварувања.

Роналдо во моментов има постигнато 99 гола за Португалија и е најдобриот стрелец на Стариот Континент, а десет гола го делат од светскиот рекорд, кој е во посед на Иранецот, Али Даеи, со 109 погодоци.