Ја прекина доминацијата на Меси и Роналдо: Левандовски е најдобриот стрелец во 2019 година

Ја прекина доминацијата на Меси и Роналдо: Левандовски е најдобриот стрелец во 2019 година

Полскиот голгетер Роберт Левандовски е најдобриот стрелец во 2019 година во елитниот светски фудбал. Тој на вкупно 58 натпревари одиграни годинава за Баерн Минхен и за полската репрезентација има постигнато 54 гола, што безмалку е еден гол по натпревар.

Така тој ја прекина доминацијата на Меси и Роналдо, која претходно беше само на двапати прекината, Хари Кејн во 2009 година, односно Един Џеко во 2017 година.

Лионел Меси 2019 година ја завршува на втората позиција со постигнати 50 погодоци на 58 натпревари, а една од причините што Аргентинецот не е број еден е и суспензијата од четири натпревари поради црвениот картон на Копа Америка.

Трет на листата е напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе, кој има постигнато 44 гола на 49 натпревари. Зад него е Рахим Стерлинг, кој досега има 41 погодок, но го чекаат уште два натпревари до крајот на годинава, додека Кристијано Роналдо е на петтото место со 39 гола на 50 натпревари за Јувентус и Португалија.