Предводникот на Вардар и селектор на руската ракометна репрезентација, Едуард Кокшаров, за руските меидуми потврди дека на ЕП во јануари скоро сигурно нема да смета на искусниот десен бек Игропуло, но затоа во првиот состав на руската репрезентација ќе биде бекот на Вардар, Сергеј Горбок, кој не се наигра во првиот дел од сезоната во дресот на „црвено-црните“.

„Неодамнешниот разговор со Игропуло, потврди дека неговите проблеми со повредата не се целосно решени. И ние дефинитивно не треба да сметаме на него. Претпоставуваме дека Горбок целосно ќе се опорави и ќе биде подготвен да игра. Имав разговор со Сергеј во врска со неговата посебна мисија во овој тим. Се надевам дека ќе го искористам неговото богатоискуство. Неопходно е тој да ги сподели своите знаења со другите ракометари кои се на оваа позиција. Тој е добро запознаен со шпанскиот систем, врз основа на кој ја градиме играта “, вели Кокшаров.

Горпишин е исто така повреден, но Кокшаров вели дека неговата ситуација се следи и очекува тој да биде дел од тимот на ЕП. Русите на ова првенство ќе бидат во група со Данска, Унгарија и Исланд.