Битката за третиот домашен пехар, Купот на Македонија, ќе стартува на 26/27 февруари со бараж натпреварот меѓу Борец и Текстилец, одлучи Ракометната федерација нa Македонија, која го дефинираше комплетниот изглед на ова натпреварување.

Стандардно ќе бидат формирани осминафинални групи во кои се екипите од Првата лига(29 февруари/1 март), а по тој филтер следува четвртфиналето (11/12 април) кога ќе се приклучат и суперлигашките клубови.

„Фајнал-фор“ турнирот е предвиден за средината на мај следната година.

Металург е актуелниот носител на Куп титулата на Македонија.

КУП НА МАКЕДОНИЈА 2020

БАРАЖ (26/27.02.2020)

Борец – Текстилец

ОСМИНАФИНАЛЕ, ГРУПИ (29.02/1.03.2020)

ГРУПА 1
Македонија Ѓорче Петров – КЛ7
Риниа – Јуниор Кисела вода
ГРУПА 2
Алушовски – Преспа
Младост Богданци – Тиквеш
ГРУПА 3
Вардар Неготино – Куманово
Борец/Текстилец – Астраион
ГРУПА 4
Партизан Гевгелија – Прилеп
Аеродром – Јехона

ЧЕТВРТФИНАЛЕ, ГРУПИ (11/12.04.2020)