Светскиот шампион во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон е избран за најдобар спортист на Европа за 2019. година во традиционалниот, 62. по ред, избор на Новинските агенции. Во гласањето која го организира полската агенција (ПАП), Хамилтон третпат победува во кариерата, а оваа година пред шпанскиот тенисер Рафаел Надал и австрискиот скијач Марсел Хиршер. Минатогодишниот лауреат Новак Ѓоковиќ го зазема четвртото место, додека Кристијано Роналдо е дури на 18. место. Најдобар од фудбалерите е Вирџил ван Дајк кој е на шестата позиција.

НАЈДОБРИ 10

  1. Луис Хамилтон (Формула 1) 151 поен
  2. Рафаел Надал (тенис) 140
  3. Марсел Хиршер (скијање) 76
  4. Новак Ѓоковиќ (тенис) 71
  5. Сифан Хасан (атлетика) 69
  6. Вирџил ван Дајк (фудбал) 61
  7. Карстен Вархолм (атлетика) 47
  8. Марк Маркез (мотоциклизам) 47
  9. Јанис Адетокумбо (кошарка) 46
  10. Јохан Тингнес Бе (бијатлон) 44