Турција, односно Анталија полека но сигурно станува мека за нашите клубови во зимскиот период. Добрите временски услови, неверојатно големиот сместувачки капацитет и пред се терените, се сосема доволна причина нашите прволигаши а во поново време и второлигашки клубови, барем десет дена од зимските подготовки одработат во Анталија.

Оваа зима дури десет наши клубови ќе престојуваат во познатиот спортско – туристички центар во Турција. Работнички како рекордер по 15 пат ќе биде таму, како и  Шкендија, Вардар, Силекс, А.Пандев, Шкупи, Македонија ЃП, Струга Трим Лум за првпат. На овие наши прволигаши ќе им се придружат и второлигашите Брегалница и Кит Го. Се разбира оваа бројка од десет клубови и не е дефинитивна, може само да се зголеми. Како што дознаваме некои клубови се уште размислуваат дали ќе заминат во Турција или не.

Значи мак – фудбалот од 20 јануари па до 10 февруари ќе се пресели во Анталија.