Во пресрет на јануарскиот преоден рок, во Англија се избираа десетте најлоши зимски трансфери. Меѓу нив се и Торес, но не од Атлетико до Ливерпул, туку од Ливерпул до Челзи, потоа тука е Енди Керол, Хуан Квадрадо…

  1. Фернандо Торес (од Ливерпул во Челзи 2011 год. – 50 милиони фунти) Се реши да ја смени средината каде играше фантастично, но Шпанецот од тогаш не блескаше како што беше на „Енфилд“. Веројатно тоа му беше и најголемата грешка во кариерата. Во тоа време со оваа сума Торес стана шестиот најплатен играч. Во 172 натпревари, постигна 45 гола. Иако освови три трофеи со „сините“, меѓу кои и ЛШ и ЛЕ, сепак, не ја уживаше славата како во Ливерпул.
  2. Енди Керол (од Њукасл во Ливерпул 2011 год. – 35 милиони фунти) – Трансферот беше реализиран да го замени Торес, но не беше ниту блиску за негова замена. Постигна само 11 гола во 58 настапи, а во 2013 година се пресели во Вест Хем.
  3. Хуан Квадрадо (од Фиорентина во Челзи 2015 година – 23,3 милиони фунти)
  4. Крис Самба (од Анжи во КПР 2013 година – 12,5 мил. фунти)
  5. Костас Митроглу (од Олимпијакос во Фулам 2014 – 12 мил. фунти)
  6. Алфонсо Алвес (од Хервенвен во Мидлсброу 2008 – 12,5 мил. фунти)
  7. Жан-Алан Бумсонг (од Глазгов Р. во Њукасл 2005 – 8 мил. фунти)
  8. Вилфред Бони (од Свонси во Ман. Сити 2015 – 28 мил. фунти)
  9. Гуидо Кариљо (од Монако во Саутемптон 2018 – 19 мил. фунти)
  10. Савио Нсереко (Бреша во Вест Хем 2009 – 9 мил. фунти)