Белгискиот фудбалер Еден Азар нема да настапи на шпанскиот Суперкуп на 8 јануари, кој ќе се игра во Саудиска Арабија, откако повредата на скочниот зглоб од пред месец дена во дуелот со ПСЖ излезе покомплицирана.

Од Реал Мадрид најавија дека во јануари тој ќе се врати на теренот, но одлучено е да не ризикуваат, па Азар нема да конкурира во тимот за овој меч.

Зинедин Зидан реши да го чува Азар за натпреварите од Ла Лига и Лигата на шампионите.