Наполи го одби Бешикташ за услугите на Елиф Елмас. Турскиот тим од Истанбул сакаше да го ангажира македонскиот фудбалер на позајмица на 18 месеци, меѓутоа од раководството одлучија да не ја прифатат понудата.

Со тоа Елмас, засега, останува дел од Наполи. Особено по тоа што учевствуваше во голот на последниот натпревар со кој Наполи го совлада Сасуоло. Сега Гатузо веројатно ќе смета на него во иднина.

Неговиот статус беше неизвесен откако Гатузо го смени Анчелоти на клупата на „наполитанците“.