ЕХФ потврди дека српскиот судиски пар Ненад Николиќ и Душан Стојковиќ нема да бидат дел од 23 двојки кои ќе делат правда на Европското првенство во јануари. На нивно место ќе судат Латвијците Зигмарс Сондорс и Ренарс Лицис, кои се одлично познати за нас од дуелите во европските клупски купови на македонските претставници.

Србите го пропуштаат континенталниот собир поради здравствени проблеми на Ненад Николиќ, кој нема да успее навреме да закрепне за ЕП. Како и српската двојка, така и Сондорс/Лицис се номинирани во прелиминарната фаза.

Од 23 судиски пара меѓу кои се и македонските арбитри Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, 11. ќе судат само во прелиминарната фаза, седум пара се номинирани и за групната фаза и за главната фаза (меѓу нив се и Николов/Начевски), додека само пет пара ќе ја делат правдата на најважните натпревари на првенството.