По двата пријателски натпревари во Кувајт во Србија, особено оној вториот синоќа во кој ривалот одигра погрубо и поагресивно и во кој атмосферата била и тоа како тензична и наелектризирана, и поради лошото судење на судиите, машката ракометна репрезентација мирно патува за Букурешт.

Жртви нема, поточно Марио Танкоски, Ненад Костески и Марко Мишевски кои добија удари со колено во надколеницата, односно квадрицепсот ќе „преживеат“. Според информациите од нашиот табор утринава нема сериозни повреди, станува збор за ограничена флексика поради хематомите настанати од ударите и ќе се внимава на нив, но сите тројца се чувствуваат подобро.

Македонија денеска патува со автобус кон Букурешт, каде утре во полуфиналето на „Трофеј Карпати“ се соочува со Алжир, додека во вториот меч играат домаќинот Романија и Холандија.