„EL DESMARQUE“ открива дека во текот на божиќниот празник Жозе Мурињо и Герет Бејл активирале „божиќна бомба“, која може да биде најголемата приказна за време на зимскиот преоден рок, кој стартува за пет дена.

„Бејл може да се врати во Англија и тоа оваа зима, во целиот трансфер може да бидат вклучени и други играчи“, се вели во текстот на овој извор.

Тотенхем за Бејл ќе плати 30 милиони евра и Ериксен. Данскиот фудбалер е стара желба на Реал Мадрид, по доаѓањето на Мурињо тој постана резерва. Не само зошто не се вклупоува во концепацијата на новиот тренер, туку и зошто одбива да го продолжи договорот кој му истекува на лето.

Ериксен шест и пол година беше дел од Тотенхем, исто толку време мина и Бејл во Реал, во кој се чувствува еднако како и Данецот во својот тим.