Германците се спортски настроен народ, а дека за нив еден натпревар во било кој екипен спорт е и тоа како значаен говори фактот дека еден регионален меч доби на популарност како да се игра средба од ЕХФ Лигата на шампионите.

Мечот од третата, регионална лига меѓу Брауншвајг и Форсфелд на трибините го следеле 5.021 гледач, а со нивна поддршка домашниот тим победил со 28:24, се зацврстил на првата позиција и има големи шанси за пласман во повисок ранг.

Колку за потсетување најгледан настан во 2019 година во Германија е дуелот на нивниот национален тим со Данска на СП во јануари.