Летонија премиерно ќе се најде на едно Европско првенство во јануари следната година, а ќе ја предводат двајца вардарови ракометари, голманот Артурс Кугис и бекот Даинис Кристопанс.

За Кристопанс ова е последна сезона во „црвено-црниот“ дрес, а за Кугис премиерна, па пред летонските медиуми откри зошто го одбрал Вардар.

„По натпреварот со Словенија во квалификациие за ЕП ме контактираа неколку менаџери, кои ми нудеа трансфери во Скандинавија, Полска, Германија, Франција… А, кога дојде онаа од Вардар, на европски првак не можеш да му кажеш не. Сакав да играм и со Даинис Кристопанс. Имав двојно подобри понуди од Вардар, но се консултирав со моето семејство и одлучив да прифатам да играм за Вардар“, објасни Кугис.