Поранешниот менаџер на Евертон и Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојс е фаворит за нов менаџер на Вест Хем. „Чеканите“ имаат очаен прв дел од сезоната под водство на Чилеанецот Мануел Пелегрини и со голема веројатност ќе направат тренерска рокада при нов неупех денеска.

Ако вечерва лондончани го загубат дербито со Лестер на домашен терен, Пелегрини нема да ја дочека Нова година на кормилото на тимот. Управата на клубот веќе седна на преговори со Мојс, а Шкотланѓанецот е расположен да се врати во тимот кој го спаси од испаѓање пред две години.