Кристијано Роналдо ретко кога ќе го фатите неподготвен. Човекот кој внимателно ја гради целата својата кариера, веќе има план и за тоа што ќе го прави веднаш по заминувањето во играчка пензија.

„Кога ќе ја завршам играчката кариера ќе се посветам на студирање. Би сакал да продолжам со школувањето кое бев приморан да го прекинам. Сакам да учам, да дојдам до одговори на бројни прашања кои ми се вртат во глава“, вели португалската суперѕвезда.

Уште една работа за која напаѓачот на Јуве е подготвен да издвои време во „пензионерските“ денови е актерството.

„Има уште една работа која ме фасцинира, а тоа е филмот. Би сакал да се пробам и како актер“, порача Роналдо.