Противникот на Македонија во групната фаза од Европското првенство во Виена, Чешка претрпе пораз, 24:21 (9:8) на првата од двата контролни натпревари кои ги игра со Словачка во пресрет на континенталниот собир.

Селекторот на Чешка на располагање за овој двомеч има 17 ракометари, кој го предводат Андреј Здрахала и Јакуб Хрстка. Првото полувреме се играше изедначено, додека во вториот дел Словачка, која играше пред својата публика дојде до победата.

Втората пријателска средба е закажана за утре.