Добро прочитавте. На кошаркарски натпревар ќе има најмалку 82.000 гледачи!

Оваа не е вест за рубриката верувале или не. Туку информација која доаѓа од Шпанија а во неа се вели дека на 26 април следната година, закажан е кошаркарски натпревар меѓу Билбао и Барселона на фудбалскиот стадион Сан Мамеш и дека се очекуваат 82.000 гледачи.

Се разбира дека за тој настан ќе се постават и монтажни трибини, а се очекува на тој меч да падне и европскиот рекорд во посета на еден кошаркарски натпревар.

Познато е дека само Сан Мамеш има капацитет од 53.289 места а со монтажните дополнително ќе има 28.644.