Поранешниот фудбалер на Јувентус и италијански репрезентативец Мауро Каморанези е близу да стане тренер на словенечкиот прволигаш Табор Сежана.

Клубот е подготвен да му понуди договор на 43-годишниот стратег до крајот на сезоната 2020/21 година.

Во својата тренерска кариера до сега, Каморанези беше на чело на аргентински Тигре и мексиканска Тапачула. Екипата на Табор Сежана годинава дебитираше во словенечката елита, а по 20 кола има 5 победи и се наоѓа на 8. место на табелата во битка за опстанок.