Вардар е тим за кого долго време ќе се зборува во ракометна Европа. Бајката која македонскиот шампион ја пишува во изминатите години е нешто за што сонуваат и големите имиња, а Македонија ја имаа таа чест да ја живее.

„Црвено-црните“ се специјалисти за претворање на невозможното во возможно, за уривање на рекорди.

И оваа година што изминува има со што да се пофалат. Покрај европската круна, тие им постијавија тешка задача на противниците во СЕХА-лигата. Вардар го освои петтиот пехар, што е рекорд во ова натпреварување.

Па токму затоа во специјалниот видео-запис на новинарите за изминатата година се најдоа на првото место.