Пред две и пол сезони, Нејмар предизвика тектонски земјотрес во светот на фудбалот откако се пресели од Барселона во ПСЖ. Сега на истиот пат, но во футсалот, е и легендата на футсалот – Рикардињо.

Тој не се сели од Барселона, туку од Мадрид и не оди во ПСЖ, туку оди во АЦСС Париз. АЦЦС Паризе  е моментно најдобриот тим во францускиот футсал и според весникот „Л’Екип“ преговорите со Рикардињо се пред официјализација.

Поранешниот футсал играч на Интер Мивистар со кого двапати ја има освоено Лигата на шампионите, ќе потпише тригодишен договор, но во Градот на светлината ќе пристигне на лето. Трансферот, сепак, ќе биде официјализиран во наредните денови, бидејќи парижаните чекаат обезбедување на финансиски средства за плаќање на Рикардињо. Португалецот ќе има плата од 30.000 евра месечно, што значи дека за целиот тек на договорот Французите ќе треба да му платат на 34-годишниот играч некаде околу 1 милион евра. Таа сума е без бонуси, што значи дека сумата на крајот би можела да биде и поголема.