Вардар е главна тема, за жал по лошата ситуација во која се наоѓа, на финансиски план, а за која отворено зборуваше и Тимур Дибиров. Токму новите проблеми во таборот на македонскиот првак ги израдуваа останатите тимови, кои од сезона во сезона, честопати пазаруваат од „црвено-црните“ барајќи го шампионскиот рецепт.

Најмногу екс-вардарци има Веспрем. По Манасков, Штербик, Мораес и Борозан, од следната сезона доаѓа и Данил Шишкарев. Еден од оние ракометари чиј договор истекува токму по завршување на сезоната, а поради лошата ситуација, се чини не планира да остане во Скопје.

Шишкарев во Вардар дојде во 2014 година, засега е незаменлив на неговата позиција, но доколку се остават најавите челниците ќе мора добро да ги засукаат ракавите.