Далас одигра меч за заборав, на дуелот против ЛА Лејкерс беше поразен со 109-95.

Доста интересна сцена се случи во третата четвртина, во центарот на вниманието беа Коби Брајант и Лука Дончиќ.

Додека Словенецот ја изведуваше топката од аут слушна како некој му дофрла на неговиот мајчин јазик. На големо изненадување тоа бил Коби.

„Зборуваше на словенски јазик. Се прашував кој зборува на мој јазик, се свртев го видов Коби, бев изненаден“, рече Дончиќ.