Српскиот голман Дејан Милосављев, кој ланската сезона блескаше на голот на европскиот првак Вардар, а оваа стои меѓу диреците на бундеслигашот Фуксе Берлин се врати во Скопје.

Тој, оваа седмица ќе ја мине во македонската престолнина, а тука ќе ја прослави и најлудата вечер во годината, а причината за тоа е што рехабилитацијата по операцијата на коленото ќе ја работи со кинезитерапевтот на Вардар и на македонскиот национален тим, Димитар Маневски.

Диме е причината поради која сите вардарци се враќаат во Скопје. Пред неколку месеци и Игор Карачиќ исто така се врати за тука да ја санира повредата на рамото. Едноставно е… му веруваат на оној кој претходните сезони се грижеше за нивното здравје.