Доскорешниот селектор на Шпанија, Роберт Морено е промовиран во нов стратег на Монако.

Монако пред неколку дена се раздели од Леонардо Жардим и најде експресно решение за празната клупа. Договорот со Шпанецот е до јуни 2022.

„По напуштањето на репрезентацијата на Шпанија добив многубројни понуди, но Монако ми понуди најдобри услови и гаранција. Верувам дека тука ќе можам да растам и како тренер и како човек“, изјави Морено на претставувањето.

Морено веднаш по претставувањето се фати за работи и ја построи екипата пред Нова година.