На десет дена до почетокот на Европското првенство работите не изгледаат воопшто добри за Лино Червар и Хрватска, кои не можат глава да кренат од проблемите со повреди.

Десниот бек Лука Шебетиќ е најновиот играч на долгата листа повредени на кои се и Ловро Михиќ и Фран Милета, како и Лука Степанчиќ, а Лука Циндриќ, Игор Карачиќ и Златко Хорват се во фаза на рехабилитација и би требало да бидат подготвени до првенството.

Шебетиќ дефинитивно ќе го пропушти ЕП откако ја обнови повредата на рамото, а веќе е закажана и операција за в четврток. Замена за него Червар побара во редовите на ППД Загреб и дополнително го повика младиот Јосип Векиќ.

Хрватска ќе игра во групата во Грац против Црна Гора, Белорусија и Србија, а и е потенцијален противник на Македонија во главната фаза.