Непријатни вести ни доаѓаат од Африка. Двајца фудбалери на фудбалски прволигаш од Гвинеја загинале откако тимскиот автобус се судрил со камион враќајќи се од натпревар со лидерот Луба Телимеле од Киндија.

Клубот Вакрија соопшти дека на самото место на несреќата загинал новиот играч Алфред Каргбо од Сиера Леоне, додека играчот од средниот рд Абубакар Камара и возачот на автобусот починале во болница откако биле донесени во критична состојба.

Младинскиот репрезентативец на Гвинеја Исиага Камара и капитенот Ибрахима Домбуја, инаку сениорски репрезентативец на Гвинеја биле пренесени во болница со скршеници но нивната состојба е стабилна.

Од Вакрија соопштија дека автобусот удрил во паркиран камион кој носел дрва во понеделникот во близина на градот Конакри. Од клубот додадоа дека камионот се расипал на средината на патот и немал предупредувачки светла ниту знак, а тимскиот автобус удрил во задниот дел. Некои од трупците дрва влегле во автобусот на Вакрија.