Ф1 возачот Роберт Кубица, во новата сезона ќе биде член на Алфа Ромео. Искусниот возач ќе ја има улогата на „резервен“ пилот, односно како замена за Раиконен и Џовинаци.

Алфа Ромео е наследник на „Заубер“, тим за кого Кубица возеше на почетокот на кариерата.

„Овој тим има посебно место во моето срце и драго ми е што се враќам во него. Гледам некои лица кои беа тука и пред 14 години. Времето и околностите се сега други“, рече Кубица кој има 35 години.