Во 2019 година се виде и тоа како колку нашите клубови заостануваат зад европскиот просек, а заостануваат и зад оние од третата категорија. Врвот на Европа за нас е научна фантастика.

Шкендија, А. Пандев, Македонија ЃП и Шкупи не минаа ниту едно коло. Сепак најголемата бламажа ја имаше Шкендија, не ја искористи својата златна шанса на векот да се најде во групната фаза во Лигата на Европа. Прво во квалификациите во ЛШ беше елиминирана од Номе Калју, па потоа од Дуделанж во 2.квалификациско коло во ЛЕ. Во случај да го минеше тимот од Луксембург, тетовци во следната фаза повторно ќе играа со Номе Калју а во плеј – офот со Арарат. Но ништо, Дуделанж играше во групната фаза. Каква штета. Потоа дојде до потреси во клубот. Мораа да си заминат претседателот Висар Беџети и тренерот Ќатип Османи. Номе Калју двапати, Дуделанж, Арарат беа ривалите за Лига Европа. Таква ждрепка Шкендија нема да добие во наредните 100 години.

Во мај Шкендија ја славеше својата трета или втора по ред титула во првенството. До неа дојде не така убедливо како во сезоната 2017/2018, но сепак беше објективно најдобра. Академија Пандев пак дојде до историја. Го освои Купот на Македонија.

„,МЕГА – ТРАНСФЕРОТ“ НА ФЕЛИПЕ, ВАРДАР НАЈДОБАР ЕСЕНТА

Долго време најавуван и конечно остварен во јули кога Фелипе од Вардар се пресели во Шкедндија. Тоа беше грешка на деценијата на Шкендија, па и на Фелипе. Дојде да го засили „ѕвездениот“ тим на тетовци за во Европа, а се чини дека беше еден од главните фактори за проблемите во клубот. И затоа Шкендија во ноември го “откачи“ Фелипе со билет во еден правец.

Вардар пак есента, откако не играше во Европа поради забрана, ја одигра маестрално. Младиот тим одигра херојски, и од екипа која „требаше“ да се бори за опстанок, на крајот на есенската полуосезона заврши со +8 бодови во однос на втората Шкендија.