Арсенал беше многу добар во дербито со Челси во претходното коло, но доживеа голем пад во самиот финиш и после серијата на грешки претрпе уште еден пораз. Од друга страна, Манчестер Јунајтед победува иако не блеска. Така беше против Барнли, каде екипата на Оле Гунар Солскјер со многу мака се бранеше после водството кое го обезбеди Марсијал, а потоа од контранапад во последните минути ја запечати судбината на домаќинот.

АНГЛИЈА 1 – 21. коло

АРСЕНАЛ – МАН. ЈУНАЈТЕД
среда 21.00
Шифра: 2001

ПРЕДЛОЗИ
КМБ 1X&2+        1,72
ТГГ ГГ3+                1,80
* Квотите подлeжат на промени

Манчестер Јунајтед стана кандидат за пласман во Лигата на шампионите, но за да остане така мора да победува во континуитет. Арсенал во овој момент е поблиску до зоната за испаѓање отколку во европските купови, но екипата на Микел Артета покажа подобрување и тоа конечно може да донесе позитивни работи.

Веруваме дека нападот на „топчиите“ би можел да проработи, што би можело да резултира со голови на двете страни, но и Арсенал да стигне до толку посакувана победа која би означила и пресвртница на сезоната. Јунајтед е подобро пласиран, но уште не нѐ убедил дека е способен за големи дела во оваа сезона, па така во овој меч се е отворено кога е во прашање конечниот исход.