Македонија има шанса да се пласира Европското првенство 2020 година. За прв пат нашата селекција има можност да учествува на едно големо натпреварување. И тоа оваа 2020 година.

„Спортмедиа“ ги има желбите. Тие се прикажани на сликата. Тоа е 2:0 победа над Косово, и потоа 2:0 победа над подобриот од Грузија/Белорусија. 2:0 и 2:0, формираат 2020 година, а тоа е доволно да се најдеме на големо натпреварување.

Веруваме дека фудбалерите тоа го можат, и дека ќе успеат да го направат тоа, да бидат во улога на Дедо Мраз и да ги исполнат желбите на нас, и на целата нација.

Среќна нова 2020 година! Нека биде ЕВРОПСКА!