Трансферот на Дејан Кулушевски во Јувентус е пред реализација. Наводно фудбалерот со македонско потекло утре ќе оди на медицински прегледи во Торино, по што ќе следува потпис со најтрофејниот италијански клуб.

Кулушевски се очекува да потпише 4-годишен договор, а Јувентус треба да плати околу 40 милиони евра. Дел од тие пари ќе добие и Парма кој треба да се откаже од позајмицата, односно да го „раскине“ договорот со важност со крајот на сезоната.

Играчот со македонско потекло го сврте вниманието по одличните настапи. За жал, неговата иднина е селекцијата на Шведска, откако веќе настапи за сениорите на „Викинзите“.