Дејан Кулушевски е нов член на Јувентус. Швеѓанецот со македонски корени ќе игра за торинскиот гигант кој го откупи од Аталанта за фантастични 44 милиони евра. Па така во Јувентус ќе имаме двајца фудбалери кои некогаш играле за младинските категории на Македонија, а сега се во редовите на некогашниот европски првак и тоа како странци.

Дејан е роден во Шведска, а порано играл за младата репрезентација на Македонија. Во Јувентус е и Никола Секулов кој игра во младинскиот тим на „Старата дама“.

Кулушевски има потекло од охридскиот крај, додека Секулов од струмичкиот. А сега Дејан игра за сениорската репрезентација на Шведска, а Секулов одбива да игра за Македонија и е член на младата италијанска репрезентација.

На интернет кружи заедничка фотографија од 2016 година во Охрид додека двајцата беа македонски репрезентативци.