МЗТ Скопје победнички ја отвори новата година со триумф на гостувањето кај Рогашка, а очекувано неговиот стратег Ѓорѓи Кочов беше задоволен по мечот.

„Ова беше вистинско дерби. И двата тима одиграа врвна, агресивна одбрана. Честитки до моите играчи за победата која е многу важна за нас“, кусо заклучи Кочов по мечот.