Еден од најпознатите и најдобрите фудбалски агенти на денешницата, Мино Рајола, во интервју за холандските медиуми изјави дека причината поради која Матијас Де Лихт заврши во Торино, а не во Барселона, е тоа што каталонците немаа место за него во првиот тим.

„Мислите ли дека некој како Пике ќе се повлече?“, му одговори Рајола на новинарот, на прашањето зошто Де Лихт не отиде во Барселона.

Говорејќи за дефанзивецот на Јувентус, Рајола вели дека „во Холандија сите мислат и се однесуваат како Барса да е холандски клуб, па затоа и новинарите го видоа Де Лихт како нов фудбалер на каталонците. И покрај добрата понуда, италијанскиот агент тврди дека парите не беа вистинската причина поради која младиот дефанзивец ја одбра „Старата Дама“.

„Де Лихт не беше заинтересиран за пари, тој само сакаше да игра фудбал. И Јуве веќе го сакаше една година претходно, така што изборот беше логичен“, дополни тој.