Неколку германски медиуми пренесоа вест дека Баерн Минхен е подготвен да се раздели со искусниот дефанзивец Џером Боатенг уште оваа зима и тоа за 15 милиони евра. Наводно Арсенал имал контакти со луѓето од Баерн за можен трансфер на 31-годишниот поранешен германски репрезентативец на „Емирати“ но засега нема ништо конкретно.

Со оглед на годините и променливата форма Баерн би можел да го продаде овој играч и да ги вложи парите во помлад играч од одбраната.

А Арсенал има потреба од одбранбен фудбалер откако во досегашниот дел од сезоната покажа очајна форма и се изнаприма голови, а посебно се кршливи после повредата на Калум Чемберс кој ќе паузира до крајот на сезоната.

„Топчиите“ го сакаа Дајот Упамекано но Лајпциг нема шанси да го продаде сега со оглед на тоа дека тимот се бори за титулата во Германија, а го очекува и осминафинале во ЛШ. Бекот Вилијам Салиба нема да се врати од позајмица во Сент Етјен барем до јули.

Затоа целта е Боатенг кој има договор со Баерн со јуни 2021 година, а сезонава не се изнаигра во првиот тим. Боатенг пред да дојде во Баерн играше за Манчестер Сити, Хамбургер и Херта.