Ако му веруваме на данскиот весник „Есктра Бладет“, прашање на денови е кога фудбалерот на Тотенхем, Кристијан Ериксен ќе биде претставен како нов играч на Интер.

Според информациите кои ги има весникот, Тотенхем ќе добие компензација од 23 милиони евра за реализација на трансферот. Тотенхем е подготвен да го продаде Ериксен за 30 милиони, но Данците се убедени дека седум милиони помалку ќе бидат доволни Спарс да попуштат, особено што Ериксен има договор кој му завршува на крајот на сезоната.

Тоа значи дека прашање е само на денови кога лондончани ќе останат без него.