Шпанскиот Суперкуп е закажан за следната недела во Саудиска Арабија, каде Атлетико Мадрид, Барселона, Реал Мадрид и Валенсија се екипите кои ќе се соочат во полуфиналето.

Но, организаторите се соочуваат со проблем бидејќи интересот на навивачите е исклучително мал, а ниту навивачи на четирите шпански клуба немаат намера да патуваат во Саудиска Арабија.

Потврда за тоа е фактот дека за полуфиналниот дуел помеѓу Барселона и Атлетико, кое претставува финале  пред финалето, продадени се само 50 билети на навивачите во Шпанија.

Сите три натпревари ќе се играат на стадионот „Крал Абдула“ со капацитет од 62.435 гледачи.