Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) ги одбра најголемите таленти за 2020 година.

Меѓу нив е и Швеѓанецот со македонско потекло, Дејан Кулушевски, кој вчера официјално беше промовиран во нов играч на шпанскиот првак Јувентус од следната сезона.

УЕФА го смести 19-годишниот фудбалер меѓу ѕвездите во најава на Стариот Континент, од кои се очекува да блеснат во следната сезона 2020/2021.