Давид Писонеро во средината на октомври по поразот од Кил беше прекомандуван како помошен тренер на спортскиот директор, Едуард Кокшаров. Шпанскиот стратег за „diariodevalladolid“ открива дека по завршување на првиот дел од сезоната добил понуда од челниците на клубот одново да биде главен „кормилар“ на европскиот првак, но тој ги одбил.

„Од клубот ми понудија одново да бидам прв тренер. Ми кажаа дека избрзале, но јас го прекинав разговорот. Направија чекор наназад, ги одбив бидејќи сето тоа нема никаква смисла. Доколку требаше да се вратам ќе го сторев тоа, зошто имав договор со нив, но јас бев решен да ја прекинам соработката“, изјави Писонеро.

Вардар во вториот дел од сезоната ќе продолжи под водство на Стевче Алушовски, кој претходно го водеше тимот на Еурофарм Работник.